Ова е српскиот државјанин кој преживеа во автобусот на смртта




Државјанинот на Србија, Љуљзим Сулејмани од Прешево и неговата вереница од Куманово имале среќа и ја преживеале сообраќајката на автобусот, во кој утринава животот го загубија 46 патници, а меѓу кои и деца.

Само неколку часа пред трагедијата Љуљзим и вереницата од Куманово, објавувале вљубени фотографии на социјалните мрежи.


– Единствеиниот државјанин на Србија кој беше во автобусот е Љуљзим Сулејмани од Прешево и тој е меѓу преживеаните патници. Како и неговата вереница од Куманово со која бил на патување во Истанбул, рекол за српски Курир, премиерот Заев, пишува Вечер.