Осум години затвор за татко кој насила ја омажил својата 12-годишна ќерка



Осум години затвор доби татко, кој насила си ја омажи својата 12-годишна ќерка. Австралиецот – муслиман ја омажил својата ќерка за 26-годишен литванец, за да не ја изгуби невиноста пред бракот.


За таткото било голем грев ако детето има интимен контакт пред да застане пред олтарот. За да се осигура дека тоа нема да се случи, тој решил да ја омажи ќерката штом таа достигне сексуална зрелост.

За да биде свадбата извршена по исламските канони, младоженецот го замолил локалниот шеик да ги венча.


Бракот склучен по муслиманските традиции, сепак се смета за незаконит во Австралија.

Таткото веќе отслужува 8-годишна затворска казна.