Ништо подобро од домашни фурнаринки (Рецепт како да ги направите)



Направивте одлично мезе или вкусен прелив и сега само ви фали нешто за грицкање.


Ништо подобро од фурнарини.

Состојки


260 г брашно
60 г пченкарно брашно
80 мл масло за готвење
160 мл вода (млака)
1 јајце
1 лажичка сол
1/2 лажичка шеќер
1/2 кесичка сув квасец
малку сусам, сол, црвен пипер, ким (за посипување)

Подготовки


Подготвено тесто

1.Замесете го тестото. Во сад измешајте ги сите потребни состојки за подготовка на тестото и месете се додека не добиете фина, компактна смеса. Тестото покријте го и оставете го да нарасне околу 30 минути.

2.Стасаното тесто поделете го на 3 дела и секој дел тенко расукајте го.

3.Со помош на ноже за сечење пица, исечете го тестото на тенки стапчиња (за полесно, тестото првин префрлете го во плех за печење, па потоа сечете го).

4.Префрлете ги стапчињата во намастен плех за печење и оставете ги да одморат 10-тина минути. Пред печење, намачкајте ги со малку вода и масло и наросете со сусам, сол и црвен пипер.

5.Печете во загреана рерна, на 230 степени, околу 10 минути водејќи сметка да не изгорат бидејќи не е потребно долго печење. Наросете сирење, кашкавал или сл. и сервирајте ги. Добар апетит!