Нестабилното време продолжува, а ќе биде честа појава и во лето



Денес (06.05.2016) времето во Македонија во предпладневните часови ќе биде сончево и релативно топло со умерена облачност. Во попладневните часови ќе има локален развој на нестабилна облачност проследена со дожд, грмежи и засилен ветер.


Температурата ќе се движи од 15 до 22 степени.

Во сабота попладне на повеќе места ќе се развива нестабилна облачност која ќе биде проследена со поројни врнежи од дожд, грмежи и засилен ветер.


Појавата на попладневната нестабилност и поројниот дожд со грмежи како и појавата на невреме со град ќе биде честа појава во текот на предстојното лето. Сево ова доаѓа поради загреаната Атмосфера и појавата на голема Енергија во Атмосферата која ја предизвикува Сонцето, велат од meteo24.mk.