Не е секогаш се така розово: Од каде доаѓа лутината во врската?



Ако некогаш сте се запрашале зошто вие (или вашиот партнер) реагирате со лутина на конкретен начин, кој меѓусебно не го разбирате, можеби стилот на врзување ги крие одговорите. Трудот на Нисенбаум и Лопез (2015) ги има следниве наоди :


-Лица со повисоко ниво на анксиозност имаат тенденција да бидат поизразени во покажувањето на лутина (на пример, викаат).

-Жените се со поголема веројатност да бараат поддршка од пријателите кога се лути, отколку мажите.


-Анкциозните мажи имаат поголема веројатност да споделат и да разговараат со пријателите кога се лути на партнерот, во споредба со мажите кои не се анкциозни.

-Лицата со избегнувачки стил на врзување имаат тенденција да ја потиснуваат лутината.


-Во споредба со сигурните, избегнувачките мажи реагираат со помалку разбирање за лутината на партнерот.

Што значи тоа? Лутината е сложен емоционален одговор и во романтичните врски, таа не се јавува само врз основа на однесувањето на партнерот. Со други зборови, исто однесување (на пример, јавна непријатност) ќе резултира со реакција која зависи од личниот стил на личноста. Без разлика дали ќе реагираат со ладно рамо или агресивно, тоа во голема мера зависи од стилот, а не само од моменталното недоразбирање.

Извор: enauka.mk

Страни: 1 2