Музичкиот фестивал АНДЕРФЕСТ вечерва ќе понуди комплетно уживање со нови протоколи



Скопје и оваа година е домаќин на музичкиот фестивал – АНДЕРФЕСТ. Прогресивниот, музички фестивал синоќа понуди комплетно уживање во поткровјето на Public Room, во Скопје. Влезот како вчера, така и денес ќе биде со бесплатен со претходна резервирана карта и редуциран број на публика најмногу до 30%. Настанот ќе биде и стриман во живо на официјалниот канал на Андерфест нa Youtube.


Организаторите замолуваат билетите да се резервираат на info@underfest.mk или со порака на нивната страница на Фејсбук – https://www.facebook.com/underfestfestival.
Настапите на двете вечери ќе бидат пренесувани во живо на социјалните мрежи, но и на Јутјуб на следниот ЛИНК.

Вчера настапија The Smoke house, групата Fiction од Скопје, Voltage од Охрид. Главни изведувачи беа добро познатите Културно уметнички работници.


Вечерва на сцената ќе настапат Sincrest од Кичево, алтернативната група Cruel oд Скопје, Live wire, Пепел. Главни изведувачи на вечерта ќе бидат Паркети од Битола.

Публиката и овој пат ќе има можност да ужива во македонската музика од претежно алтернативната и рок енд рол сцена од нашата држава која и овој пат се очекува да покаже дека е одлична и навистина има што да покаже.


Се гледаме на Андерфест!