Мислењето на еден маж за интимната женска фризура



Сето ова го правиме, во името на убавината и, ајде да бидеме искрени, за мажите. Иронијата е дека во процесот на разубавување воопшто забораваме да ги прашуваме мажите што сметаат тие за ова прашање.

И дека всушност нашите жртви во име на убавината може и да не го заслужуваат напорот.

Мислењето на еден човек под написот на оваа тема во американскиот сајт Bustle, ни направи исклучително силен впечаток.

“Интимната фризура кај жените, вели тој маж, придава индивидуалност на жената, исто како и “горната” фризура.

Чувството на влакненцата, нивната боја, начинот на кој го кријат најнежниот дел на жената, сето тоа има своја улога во привлекувањето и возбудата.

Зошто мислите, првото нешто што го прават во касарната, е бричењето? За да ја отстранат нивната индивидуалност, да ги направи еднакви.

Се разбира, никој не сака долги влакна и неоддржана жена. Но, всушност просечна опција има. Се постигнува со тример или при умешна козметика која може да исчисти само одредени делови, а останатото да го намалите вие ​​според сопствените преференции до саканата должина.

Впрочем, ако интимните влакна не се отстрануваат целосно, објаснуваат гинеколозите, ќе се намалат случаите на габични инфекции и кожни надразнувања во оваа област, бидејќи влакната имаат свои заштитни функции на најнежната зона.