Меѓународна работилница-како до поефикасна селекција и рециклирање на амбалажниот отпад



На 28 и 29ти септември, Пакомак на едно место ќе ги собере најголемите колективни постапувачи со отпад од пакување од регионот. Регионалните компаниите кои се членки на организациите ПРО ЕУРОПЕ и ЕКСПРА со седиште во Брисел, ќе дискутираат и разменат искуства како да ги зголемат стапките на селекција и рециклирање на амбалажниот отпад. На оваа Балканска работилница, освен менаџментот на компаниите од регионот како Македонија, Грција, Бугарија, Србија, Романија, Унгарија и Босна и Херцеговина, ќе учествуваат и претставници од Белгија, Чешка и Кипар, како и целиот менаџмент тим на ЕКСПРА од Брисел.


Во изминативе 11 години, Пакомак е по трет пат домаќин на овој годишен собир, како една од најзначајните компании кои со иновативни пристапи има континуиран раст на рециклираните количини. Работилницата ќе започне во среда на 28ми септември во 10:00 во хотелот Мериот, со поздравно обраќање на Министерот за Животна средина и Просторно Палнирање, г-динот Насер Нуредини.