Љубовта во слики: Пирс Броснан и неговата сопруга прославија 25 години заеднички живот



Пирс Броснан e големиот разбивач на женските срца, но љубовта со неговата сопруга ја надминува секојa од филмските негови романси.


Актерот и неговата сопруга Кејли Смит неодамна одбележаа 25 години заедно и сеуште изгледаат како некогаш вљубени. Броснан, кој во неколку наврати ја изразува љубовта кон Кејли сподели слика во Инстаграм, на која двајцата се гледаат вљубено.

Тој напиша “Ти благодарам за љубовта, љубов моја, за онаа во изминатите 25 години и за онаа која претстои.”


Актерот се запознал со поранешната телевизиска новинарка во Кабо Сан Лукас во 1994 година. Таму таа имала улога на дописник. Во тоа време таа имала 30 години, а тој 41 година, и 7 години подоцна, во 2001 година, двајцата склучуваат брак.

Не слушавме никаква музика, но го слушаме гласот на другиот. “Ирскиот актер вели дека во неа ги сака најмногу нејзината сила и шарм:” Таа поседува сила, без која не би можел да живеам. Двојката има двајца синови – 21-годишниот Дилан и 17-годишниот Парис.