Ќе си признаеме дека во последно време живееме за новостите околу животот на Џенифер Лопез и нејзиниот партнерот Алекс Родригез, бидејќи двајцата имаат одлична врска и изгледаат навистина среќни.
Во моментов тие се на одмор во Неапол, а одморот им изгледа прилично штуро и истовремено романтично.
Очевидци велат дека Џеј Ло била во прегратките на Родригез цело време и двајцата изгледале многу вљубени и среќни.
Добрите моменти продолжиле и потоа, кога двајцата го посетиле и островот Капри.
Дефинитивно најсветлиот момент од нивниот одмор била вечерта во која се одлучиле да одат да се напиат по нешто во локален бар во Капри. Посетителите на локалот веднаш ја препознале Џенифер и ја викнале да се качи на сцената, за да им испее нешто.
Еве го и самото видео: