Лековитите својства на боите



Дали сте забележале некогаш како одредени бои ве тераат да се чувствувате добро, а други-не. Во тоа нема ништо невообичаено, бидејќи секоја боја поседува одредени својства.

Според Ајурведата боите делуваат лековито врз човечкиот организам и го штитат од разни болести.

Погледнете како може да ви помогнат седумте основни бои:

Црвена

Црвената боја ја симболизира крвта и топлината. Оваа боја го поттикнува формирањето на црвените крвни клетки и помага на циркулацијата. Помага за здравиот изглед на кожата.

Луѓето со низок крвен притисок и ладни екстремитети треба во нивната гардероба да имаат црвена облека. Со црвената боја меѓутоа, не треба да се претерува, бидејќи континуираното дејство може да ви предизвика воспаление на очите.

Портокалова

Портокаловата боја е топла и пријатна како црвената, па затоа својствата им се слични. И ако црвената раѓа страст, портокаловата делува благопријатно на половите органи, ги штити од болести и ги полни со енергија.

Жолта

Жолтата боја го избиструва умот и помага на луѓето кои се зафатени со тешка ментална активност, и ја засилува меморијата. Таа исто така му дава ведрина на човекот и ја лекува депресијата. Важно е сепак да не се претерува со жолтото, бидејќи тоа може да доведе до здравствени проблеми.

Зелена

Познат факт е дека зелената боја смирува и дава свежа нота на сè. Се поврзува уште со оживувањето на природата. Оваа боја помага на луѓето со срцеви проблеми. Ако страдате од уморни очи, набљудувајте ги зелените предмети или растенија и непријатното чувство ќе помине.

Жолто-зелена

Бидејќи оваа боја претставува комбинација од жолто и зелено, таа ги поседува својствата и на двете бои. Делува одлично на луѓе со исправени нерви, често подложени на стрес.

Сина

Дејството на сината боја доста се разликува од тоа на црвената. Се поврзува со ладење, свежина и хармонија. Таа помага и при кожни проблеми. Покрај тоа, таа смирува и ги отстранува вознемирувачките мисли.

Виолетова

Виолетовата боја ја симболизира духовната врска помеѓу човекот и божественото. Таа ја зајакнува верата и ја прави волјата посилна.