Веста дека наскоро семејството ќе се прошири со бебе е прекрасна, за сите.
Но, како тоа да му го кажете на Вашиот партнер?
Еве нешто што би ви препорачале:
1. На вашиот стомак нацртајте правоаголна линија и малку исполнете ја внатрешноста под правоаголната линија така што ќе напишете Тато, доаѓам за 8 месеци.
2. Купете некаква гардероба за мало бебе, ставете ја во фиока каде што е облеката на Вашиот партнер а врз неа оставете порака-тато направи место и за мене.
3. Испечатете блуза со сликичка на бебе, а под неа натпис – Сега сум во мешето на мама а кога ќе излезам ќе ве гушнам двајцата. Со таа блуза пречекајте го вашиот партнер.
4. Направете или порачајте торта со форма на ембрион и со кратка порака – Сега сум уште мало, кога доволно ќе пораснам, ќе дојдам.
Со овие пораки ќе внесете промени во Вашиот дом и полесно ќе прифатите дека сега не сте сами.
Автор: Даниела Ангелова