Во гласањето кое се одвиваше преку фејсбук страницата Алтернативна Сцена македонската публика го одбра најдобриот македонски алтернативен спот за 2015 година. Од вкупно 1716 гласови, на првото место заврши бендот Визија и спотот за песната „Гласот на мојата душа” со освоени 383 гласови, додека пак на втората и третата позиција завршија Брука бенд („До Преѓе”) и ПМГ Колектив (80-ти) со 351, односно 311 гласови, понатаму следуваа бендовите Steel Temple, Autmind, Апсаздан, Санаториум, Колт, Телемама, Foolish Green, Сиз, Мугер Фугер, Паркети итн.
2015 година се покажа како многу продуктивна за алтернативната сцена, а доказ за тоа е и бројот на учесници во оваа анкета, што покажува дека македонските алтернативни бендови сосема добро си ја завршиле својата работа.
Линк до победничкиот спот: