Кога се сака од дното на душата: Последните зборови на Ѓорѓе Балашевиќ го расплакаа регионот



Новосадскиот кантавтор и поет, Ѓорѓе Балашевиќ, почина на 67-годишна возраст.


Пред три дена беше примен на Клиниката за инфективни болести на Клиничкиот центар на Војводина во Нови Сад, каде се лекуваше од пневмонија. Како што открива извор од болницата за „Еспресо.рс“, последните часови од животот на Балашевиќ биле тешки и исполнети со борба за секој здив.

– Состојбата одеднаш се влошила во петокот наутро, сатурацијата паѓала од час во час и покрај сите напори на лекарите. Дишел тешко и тешко можел да зборува. Пред да се префрли на интензивна нега, тој се обидел да разговара со неговата сопруга Оливер, тој постојано го довикуваше нејзиното име, нè молеше да ја повикаме. Нејзиното име беше последно што го изговори – вели изворот.