Какво време не очекува до среда



Во периодот од 28.09.2015 до 30.09.2015 територијата на Македонија ќе биде под влијание на доста СВЕЖА воздушна маса од североисточна Европа , се очекува умерен, на некои места повремено засилен ветер од северен правец. На некои места не се исклучува можноста од појава на слаб дожд.


Минималните температури ќе се движат во интервал од 6 до 12 степени , на повисоките места минималните температури ќе бидат уште пониски и се очекува да се спуштат близу до 0 степени.

Максималните температури ќе се движат во интервал од 15 до 22 степени. На повисоките места ќе бидат значително пониски.


Подготвил: Славчко Попоски