Каков е твојот карактер според твојот омилен плод



Според психолозите омилениот плод издава многу не само за вкусот, но и за нашиот карактер. Еве кои се твоите главни одлики, соопштуваат од gradina.mk.


јаболка

Ако сте љубители на јаболката, вие сте ревносен и малку старомоден човек. Шефовите ви се благонаклони кон вас, бидејќи сте подготвени да ja исполните секоја задача. Вие сте лирскa личност, сентиментални, понекогаш сте тажни, небаре без видливи причини.


праски

Вие сте човек кој се чувствува добро во друштво на пријатели, психолошки сте компатибилни со повеќето од вашите блиски луѓе. Па, се разбира, понекогаш станува тешко човек да ве разбере дали се шегувате ли се, или зборувате сериозно. Во никој случај не може да се каже дека ви недостасува интелигенција.

јагоди

Вие сте весел човек, гостопримлив,умеете да се спогодувате со луѓето. За вас карактеристична е елеганцијата, вие сте љубители најубавите нешта и умеете да ги цените и пазите. Не сте љубоморни, не се лутите лесно поради ситници. Љубомората сепак добро ја познавате.

Страни: 1 2 3