Како да се бричиме во интимната зона – Погледнете неколку начини



Постојат различни начини за отстранување на влакната, но се чини дека девојките најчесто користат бричење. Восокот е траен и сигурен начин, но и доста проблематичен, барем на почетокот.


Употребата на депилатор е болен начин да се отстранат влакната во интимната зона. Кремовите за депилација може да предизвикаат иритација на чувствителната кожа.

Останува бричењето. Тоа не е совршен начин, но има доста предности.


Употребата на специјално дизајнирани жилети за дамите е препорачливо. Која интимна фризура ќе ја изберете е прашање на вкус. А за самите перформанси има некои препораки, кои може да ви заштедат непријатности. Еве неколку правила за бричењето:

1. Користете убаво ноже. Најдобро е за еднократна употреба, иако едвај некој еднаш ги користи и ги исфрла.


2. Специјален гел, пена или крем за бричење. Бидете исклучително внимателни при нанесувањето, бидејќи содржината на производот може да ја иритира слузокожата.

3. Прво поминете со топол туш, за да ја омекнете кожата и влакненцата. Така бричењето ќе биде полесно и ќе ја намалите можната иритација потоа.

4. Ако влакненцата се долги, не сте ги избричиле досега или пак веќе се со природна должина, најдобро прво исечете ги. Може да користите ножички или тример. Така ќе избегнете кубење и ќе завршите побрзо.

5. Застанете на доволно стабилна површина и добро осветлено место.

6. Прво добро е да минете со жилет во насока на растењето на влакната, а потоа и назад, т.н.. “Шалтер”. По секое влечење на ножето плакнете под млаз вода. Така нема да се запушува просторот помеѓу ногарките (ако моделот е таков) и ќе се избричите ​​полесно.

7. Затегнувањето на кожата со рака го намалува ризикот од сечење и го подобрува крајниот резултат.

Предности на бричењето:

Страни: 1 2