Интелектот на децата зависи од мајката



По низата истражувања научниците од Универзитетот во Минесота успеале да заклучат дека гените на таткото се одговорни за формирањето на плацентата, лимбичкиот систем и ткивата на фетусот. Ова стана јасно по експеримент со посебна раса стаорци.


Научниците ги изолирале гените на таткото од оние на мајката и од примерите создале посебни ембриони. Во процесот на истражување, сепак и двата ембриони загинале. Тоа ја докажува потребата од различни гени за создавање на поколение, секој со сопствена задача.

Можеби повеќе од интересно истражување досега е тоа од 1994 година спроведено од британскиот Совет за медицински студии. Во него научниците собрале податоци за социо-економскиот статус и расата на 12 686 луѓе. На овој начин тие успеале да го откријат најдобриот знак за интелигенција – мајчината врска. Во вкупниот случај коефициентот на интелигенција на детето спрема оној на мајката се разликувал со околу 15%, што го потврдува горенаведеното.


Генетиката тврди дека меѓу 40 и 60% од интелектот на човекот може да се пренесе врз неговата генерација. Останатиот капацитет зависи од животната средина, стимулот за развој и индивидуалните квалитети на детето.

И уште нешто. За децата со повисок коефициент на интелигенција е важно да се развиваат. Ако умот не се стимулира со нови и нови предизвици, неговата способност да дава генијални заклучоци може да се намали.


Страни: 1 2