ВИСТИНСКА ПРИКАЗНА: „БОГ Е ПОСИЛЕН ОД СÈ!“



Овој настан се случил во очи на празникот на Крштението Господово (Богојавление), во еден далечно казахстанско градче. После претрпената тешка операција, во реанимација умирала тригодишната Даша. Таа не можела самостојно да дише по тридневното губење на крв, па затоа ја приклучиле на апарати за вештачко дишење. Роднините на девојчето биле во шок, што и е разбирливо – како може да се помират со тоа, што малечко детенце гасне пред нив, како свеќа.


Од сите многубројни роднини, вистински воцрковена била само тетката на Даша, Љубов, која живеела на илјада километри од саканата внука во сибирското градче Југорск. Веста за состојбата на Даша, Љуба ја примила на крајот на работниот ден, и од тој миг, бесценетото време од земниот живот, како да почнало побрзо да се движи. Најпрвин ја обзеле силни емоции, но Љуба, жена силна по карактер, навикнала во животот сама да ги решава тешките задачи. Затоа, прво нешто на кое се сетила во мир – веднаш да се крсти детето. Душата стои на прагот на Вечноста, што може да биде поважно? Како ќе застане пред Господа? Жално било тоа, што мајка ѝ на Даша и самата не била крстена, а ни ќерка ѝ не планирала да ја крсти, и на сите им кажувала дека не е спремна за таков чекор. „Во реанимација никого нема да пуштат!“ – ѝ рекла по телефон родната сестра на Љуба. Но слушнала решителен одговор: „Бог е посилен од сите!“ Но, како да се оствари тој план, наоѓајќи се на стотици милји од саканата внучка?

На помош на Љуба ѝ дошле две другарки од детството, две Светлани, со кои секогаш ја одржувала врската. Веднаш сестрите во Христа се пуштиле да ѝ помогнат, барајќи свештеник, кој би се согласил итно да ја изврши Тајната. Треба да се каже, дека половина година пред тој настан, во истата реанимациона соба умирал таткото на една од другарките, и колку и да се трудела таа, кај него не допуштиле свештеник. За среќа, Господ го испратил кај болното девојче отец Константин, млад свештеник со црвена брада.


Страни: 1 2 3