Годините не можеме да ги запреме: Како да ја негувате кожата околу очите



Внесувајте храна богата со витамините Ц и А. Овие витамини се добри и за кожата околу очите затоа што ги обновуваат оштетените ткива. Добри се и за видот, а ќе ги сведат на минимум и негативните ефекти од УВ зраците.


Треба секогаш да избегнувате чешање на очите. Ова ги оштетува чувствителните ткива и ја намалува циркулацијата на крвта околу очите.

Не прскајте грубо вода на очите.
Ако секојдневно користите леќи, тогаш не заборавајте секогаш да користите и специјален раствор за леќи.


Избегнувајте користење јаки хемикалии. Тие ја сушат кожата околу очите и ги оштетуваат очите.

Пијте многу вода секој ден.


Ако поминувате многу време на компјутер, користете заштитни очила или заштита на екраните.

И секако, не заборавајте на добриот сон. За време на спиењето, лицето се поти и брчките поради влагата се „пеглаат“, а лицето се регенерира и изгледа помладо.

Страни: 1 2