Ги знаеш оние, слаткоречивите, кукле? Е, тие највеќе ќе ти …



Ги знаеш оние, слаткоречивите, кукле? Е, тие највеќе ќе ти загорчат. Дека човек што многу љуби, малку зборува. Човек што многу љуби, не мора да ти кажува комплименти… тој те прави убава со начинот на кој те гледа, со начинот на кој те држи за рака, со чувството на восхит што го има кога е до тебе. Човек што љуби целиот светнува покрај тебе кукле. И колку поблиску до тебе е, посилно сјае. Колку подалеку – се гасне.
Не им верувај на слаткоречивите, кукле. Тие се како тенка позлата на евтин накит. Да, само за бижутерија луѓето мораат многу да зборуваат за да ја продадат. Си слушнала некој да рекламира чисто злато? А ти ќе знаеш кога нешто скапоцено ќе ти дојде во раце. Скапоценото не е шупливо и празно. Скапоценото не мора да се украсува, бидејќи самото е украс. Скапоценото ќе предизвика да ти заигра срцето, а не очите.
Ќе знаеш кога нешто скапоцено ќе ти дојде во раце кукле… дека тогаш и самата ќе се осетиш скапоцено.
—-
Комплет Колекционер 1-5
999 ден со бесплатна достава