Ги брише брчките и го затегнува лицето: Домашен крем од шест состојки e хит меѓу жените



Овој природен крем ги ублажува фините линии на брчките и ја освежува кожата која повторно добива здрав сјај.
Тајната на овој домашен крем за лице се крие во хранливите состојки кои ја
враќаат младоста. Маслото од бадем ја омекнува кожата, а уште од дамнешни
времиња е користено за третирање на псоријаза, егземи и лузни.
Ова моќно масло продира длабински во кожата, поправајќи ја нејзината
структура, го матира тенот кој станува мазен и сјаен.
Состојки:
1/4 чаша масло од бадем
2 лажици кокосово масло
2 лажици восок од пчели
1 лажица ши путер
есенцијално масло по избор
Подготовка:сите состојки ставете ги во стаклена тегла. Во сад ставете 2 сантиметри вода и оставете да зоврие. Ставете ја теглата во садот и повремено мешајте ги состојките во неа.
Кога сите состојки ќе се поврзат, префрлете во малечки стаклени теглички. Оставете на собна температура, додека кремот не се стврдне, потоа затворете ги и префрлете на ладно место.
Кремот треба да се става секое утро, како и навечер, но најдобро е прво да го исчистите лицето.