Една е мајка: 77 годишна мајка си го носи парализираниот син на својот грб веќе 59 години!



Историјата на 77 годишната србинка Олга Бошкович, која живее во село Мушич, за 100 пат докажала колку е храбра и силна жртвата на мајчинската љубов.


Олга го носи својот парализиран син Предраг на својот грб повеќе од 50 години. Предраг е на 59 години и целиот живот го одгледува неговата мајка.

Таткото на детето избегал веднаш кога дознал дека детенцето ќе остане инвалид. Но жената не го оставила, а го одгледала момчето во една соба, оставена во наследство од нејзините родители.


Кога пораснал, Олга го носела секој ден на училиште на својот грб, со цел тој да биде меѓу децата и да се социјализира. Минали години и тој станал маж, но неговата мајка и ден денес го носи на својот грб.

Во последните години и е се потешко да се грижи за нејзиниот син, но наголем страв и загриженост има за животот на нејзиниот син после нејзината смрт. Таа се плаши дека ќе остане сам и без никој да има потреба од него.


Извор: Делчево Денес