Домашни маски за раст на косата



Секоја претставничка на понежниот пол сонува за долга, густа и сјајна коса. За жал во повеќето случаи тоа се покажа тешко во постигнувањето на оваа мисија.


Бидејќи домашните маски често се наоѓаат поефикасни од козметичките производи, понудени по продавниците, денес решивме да ви покажеме неколку испробани бабини рецепти кои ќе го стимулираат растот на вашата ” грива “.

Маска со квасец


За правење на маската потребно ви е половина пакетче квасец кое треба да размеша со половина чаша вода или јогурт. Кон нив додајте лажица шеќер или мед и оставете ја смесата да ферментира околу 20 минути. Потоа нанесете ја на косата и оставете ја да отстои на неа околу половина час.

Маска со сенф


Измешајте 200 мл јогурт со 1 лажица сенф и две лажици маслиново масло. Промешајте ги добро. Нанесете ја добиената смеса со памук на косата. Оставете ја маската да отстои половина час, а потоа исплакнете ја со топла вода. Од една страна оваа маска го стимулира растот на косата, поради присуството на сенф, а од друга страна млекото и маслото ја заздравуваат косата.