Добронамерен, но хаотичен: Хороскопскиот знак кој ќе ве „полуди“



Единствениот знак кој не е претставен со човек или животно многумина го нарекуваат ѓаволски адвокат.
Секако, станува збор за Вагите.


Како што и симболиката говори, на Вагите балансот им е најважен во животот. Тие се секогаш тука да дадат совет и да ве сослушаат, но нивниот проблем е што, поради вечната желба за мир, никогаш не избираат страна.

Вагите имаат прекрасна перцепција и внимателно ги избираат луѓето кои ќе бидат во нивниот живот. Но, поради големата желба сите да ги засакаат и никому не сакаат да му се замерат, често занемаруваат некои блиски лица за да им помогнат на странците.


Сепак, иако поради своите ставови и својот поглед на свет низ „розеви очи“ често ќе ве излудуваат, Вагите се одлични пријатели и нивната добрина и енергија можат да имаат големо влијание на вашиот живот.