Доаѓа студениот бран: Еве што ќе ни донесе



За време на овој викенд сеуште ќе се задржи релативно топло време со натпросечни температури на воздухот. Утре (сабота) од попладневните часови најпрвин во западните предели ќе има повремени локални врнежи од дожд кои постепено ќе се шират и во останатите предели. Не се исклучува можноста и за ретки грмежи.


На највисоките планински врвови ќе има услови за провејување на снег.

Врнежите ќе продолжат и во текот на ноќта кон недела додека веќе во недела во текот на претпладнето врнежите ќе престануваат.


Во понеделник територијата на Македонија ќе биде зафатена од влажна и многу студена воздушна маса од север која ќе донесе локални врнежи од дожд и засилен северен ветер. На повисоките места и на планините врнежите ќе поминуваат во снег.

Во понеделник во вечерните часови и во текот на ноќта кон вторник услови за провејување на снег ќе има и на некои пониски места.


Напомена: Овој влажен бран ќе донесе повеќе студ од колку врнежи што значи снежните врнежи кои ќе се случат во понеделник ќе бидат со послаб интензитет и нема да создадат значителна снежна покривка.

Можна е тенка снежна покривка и тоа особено на повисоките места и на планините.

Температурите од понеделник ќе бележат тенденција на нагло опаѓање и во вторник наутро минималните температури ќе се движат во интервал од -8 до -1 степен додека максималните температури во вторник ќе се движат во интервал од -2 до 5 степени.

Исто така во вторник ќе има стабилизирање на времето но останува МНОГУ СТУДЕНО со потпросечни температури на воздухот.

Нови информации очекувајте во недела навечер кој по потреба ќе бидат обновени.

Подготви: СЛАВЧО ПОПОСКИ, meteomax.mk!