За многу од нас Валентајн се сведува на добивање подароци, цвеќиња и одење на романтични вечери. Продавачите го дочекуваат овој ден со декорирање на излозите со срциња, ангели и други симболи на љубовта, додека цвеќарите нарачуваат големи количини ружи и други цвеќиња.
Но, романтиката може да се задржи и без купување на големи поклони. Се што ви е потребно е само малку имагинација.
За да може Валентајн да биде поромантичен, соопштете му на вашиот партнер дека оваа година нема да купувате подароци. Тоа не значи дека нема да размените подароци, само што не смеете да ги купувате. Можете да направите еден на друг поклон, кој не мора да биде голем, ама мора да биде од срце. На пример, разменете писма, песни или ЦД со романтична музика.
Секси игри
Нема ништо поедноставно од играње секси игри, а може да биде сосема доволно за да ја направи оваа вечер незаборавна. Некои од тие забавни игри може и сами да ги направите. Еве едноставен пример: направете црвени срциња од картон. На секое напишете секси упатства. Напишете нешто како: „Бакнете го партнерот на место каде што никогаш досега не сте го бакнале.“ Може да биде доста забавно барајќи делови од телото кое не сте ги бакнале, а тоа на него ќе му биде многу возбудливо затоа што морате да го направите она што го пишува на упатствата. Предността е тоа што сами ги изработувате срцињата така што можете играта да ја направите „лоша“ или невина колку што сакате.
Фантазиите претворете ги во реалност
Направете го Валентајн забавен така што ќе кажате кои се вашите фантазии за таа вечер. Тоа може да биде игра во улоги ( вие бидете медицинска сестра, а тој доктор ) или врзување со лисици ( или марама ако немате лисици ). Може да биде и нешто едноставно како масажа со мирисно уље. Договорете се за се неколку дена однапред, за да бидете подготвени за Валентајн.
Следење траги
Уште еден извонреден начин да внесете забава во оваа вечер е да направите мали припреми пред вашиот партнер да пристигне дома. Угаснете ги светлата, а на подот запалете свеќи. Во близината на вратата ставете ЦД систем со голема порака на која пишува “Прво пушти музика а потоа прати ги трагите“. Кога ќе го упали ЦД системот ќе почне романтична музика. Некаде во близина на системот ставете шампањ со порака: „Отвори ме кога ќе бидеш подготвен и пронајди ја следната трага“. Пред вратата од спалната соба оставете секси градник со порака: „Дали си спремен?“ Кога ќе ја отвори вратата од спалната соба, нека го дочека изненадување.
Спа вечер
Совршен начин и двајцата да се опуштите во романтична атмосфера е спа вечер. Припремете топла купка и на кадата ставете две чаши вино и чоколадо. Опуштете се заедно во кадата со романтична музика. Потоа измасирајте се.
Славењето Валентајн на романтичен начин, кое ја изоставува комерцијализацијата може да биде малку потешко од самото купување подароци или одење на вечера. Но, секако ќе биде еден од оние денови на кој ќе се сеќавате и ќе ви биде многу драго.