Што да му подарам за Денот на вљубените?



Без разлика дали ќе славите прва или некоја друга година, сигурно се прашувате : Што да му подарите?


Еве неколку различни идеи:

1 . Романтична вечера подготвена лично од вас.


2 . Уште еден спектакуларен подарок, за кој секој маж сонува е секси еротски танц.

3 . Подарете му билети за театар, кино или директно одведете го и изненадете го !


4 . Ви гарантирам дека тој многу ќе се израдува на една вечер на лизгалки. Ако не го влечат зимските спортови, тогаш сигурно го влечат други игри – билијард, куглање, тенис. Тоа многу би ја освежило врската.

5 . Подарете класичен подарок како кожен новчаник или каиш. Изборот е многу голем.

6 . Можете да му купите и швајцарско ноже.

7 . Ако е љубител на автомобилите, купете му некој аксезорис

8 . Друг класичен подарок е вратоврска.

9 . За пушачите – убава пура или запалка зипо.

Весел празник !