Денес умрев дедо! Ќе ја испијам оваа чаша, а на мојот погреб нека пијат што сакаат …



Автор: Драган Таневски


Седеше на подот, докрајчувајќи ги последните капки од струмичката мастика. Последното шише што му остана од дедо му. Дедо Ѓоко беше еден од најстарите мајстори во Грозд Струмица, и според зборовите на неговите колеги – единствениот вистински мајстор на занаетот. Тој на умирање му рече – „синко, еве ти 7 шишиња домашна мастика направена лично од мои раце. Посебна е оваа, и немој да ја пиеш без врска. Дека на секој човек му доаѓаат седум големи причини да се напие добра мастика.

Првата е кога ќе стане полнолетен. Втората е кога ќе се вработи, третата е кога ќе ја најде жената на својот живот. Четвртата кога ќе му се роди дете. Петтата – на свадбите на неговите деца. Шестата – кога ќе ги испрати своите родители во вечноста. А седмата… седмата ќе ја остави да ја испијат неговите другари и роднини на неговиот погреб. Сега вети ми дека ќе ги чуваш и нема за ништо друго да ги потрошиш“. И тој му вети.


Текстот продолжува на втората страна:

Страни: 1 2 3 4