Дали постои личност на која повеќе? 25 работи зошто слободно можете да ја наречете мајка си своја прва и најдобра пријателка



Дали постои личност на која повеќе ѝ верувате од жената која ви го посветила својот живот, жената која е ваша прва учителка, ваш најсилен навивач, но и ваш најжесток критичар?


Да, сигурно имате многу пријателки, но ниту една не ве познава подобро одошто личноста која ве донесе на овој свет и ниту една од нив не се бори за вашата среќа како вашата мајка. Престанете да трагате по доверливи пријателки, бидејќи најдоверливата е токму под вашиот покрив.

Еве зошто слободно можете да ја наречете мајка си своја прва и најдобра пријателка, пишува попара.мк:


  1. Таа се заљуби во вас на денот на вашето раѓање, но и вие во неа. Кога вие се родивте, вашата мајка почувствува дека ја доби својата сродна душа, иако вие сè уште не бевте свесни дека ја добивте својата. Таа се заколна дека засекогаш ќе биде покрај вас и нема намера да го прекрши своето ветување.
  2. Знае што мислите уште пред да ја отворите устата. Вие сте отворена книга за неа. Потребен ѝ е само еден поглед за да ѕирне во вашата душа и да ја прочита приказната која не сакате да ѝ ја раскажете. Има ли поголем доказ за вашето неповторливо пријателство?
  3. Таа е единствената личност која може да ги голтне сите ваши навреди и напади на бес. Без да остави ни трага од нив во своето срце. Ако некој знае искрено да опрости и да заборави, тогаш тоа е жената која ви подарила живот. Таа ви го ветила тоа уште додека го галела својот труднички стомак, а сега го исполнува.
  4. И е ваш најгласен навивач. Мајка ви е личноста која најгромогласно аплаудираше на вашите училишни претстави и спортски натпревари, која се молеше до доцна во ноќта да го положите најтешкиот испит и која од дома ве бодреше додека бевте на првото интервју за работа. Дури и кога не можете да ги слушнете нејзините молитви и навивања, знаете дека се таму некаде, а тоа ви дава сила.
  5. Таа знае дека тврдоглаво ќе го направите она што сте го наумиле, но и покрај тоа, не пропушта ни една шанса да ве советува што треба да направите. Понекогаш ве вади од такт, но никогаш со лоша намера.

Страни: 1 2 3