Дали кондомите ја одржуваат вагината здрава?



Лактобацилиус е бактерија која доминира во природната флора на вагината. За оваа бактерија се знаеше дека има позитивни дејства во стомакот, како и на интимните делови, а се покажало и дека кондомите го зголемуваат бројот на овие пријателски бактерии во вагината.


Тие го спречуваат чешањето, како и некои помали инфекции

Во рамки на истражувањето во Пекинг, испитани се 164 мажени жени кои за контрацепција користеле се освен хормонски таблети.


72 жени користеле кондоми како заштита, а научниците пред истражувањето се фокусирале на лактобацилус.

Студијата покажа дека кажените што користеле кондоми при секс, имаат поголемо ниво на пријателски бактерии во вагината, од оние кои користеле други видови контрацепција. Истражувачите велат дека сексуалната активност може да ја измени рамнотежата на екосистемот на вагината, посебно ако спермата влезе во целиот микс.


Според нив тајната е во тоа што кондомите и помагаат на вагината да ја задржи заштитната киселина.

Како додаток на истражувањето објавено е дека кондомите не се најдобрата заштита од несакана бременост. При просечна употреба,имаат процент на неуспех во заштита од бременост од дури 15 проценти.