Дали да се смирите со бившиот? Вреди ли да направите пауза во врската ?



Според мислењата на експертите, доколку постои шанса да се смирите со бившиот дечко, добро би било и да го направите тоа, но пожелно би било да следите неколку совети.

Често пати се случува долгите врски да бидат прекинати можеби поради презаситеност или поради тоа што еден од партнерите сакал да ја однесе врската на повисоко ниво, но тоа не значи дека тие престанале и да се сакаат. Можеби и заборавиле на љубовта и не ја негувале доволно, па се преминало во навика.

За овие парови паузата би можела да значи и зацврснување на врската, велат експертите.

Почнете пополека

Тешко е да се надомести изгубеното време, особено ако сте биле во подолга врска. Иако е тешко, најдобро

е да пробате одново, како да почнувате нова врска и обидете се да не ги наметнувате секојдневно старите проблеми. Најпаметно е да одите пополека и да се зближувате одново, како со некој непознат, но немојте да се смирувате со бившиот само затоа што ви пречи да бидете сингл- тогаш џабе вложувате напори и губите време со него.

Продолжува на следната страна:

Страни: 1 2