Бара знак од тебе брат. Бара знак дека не си како другите….



И она е исплашена брат. Ја повредиле некои изроди, и се и е измешано во срцето. Сака да ти верува, да ти се фрли околу врат и да те направи своја оаза. Сака да се стутка покрај тебе и онака да се напика во тебе целата. Да ти се предаде. Бара знак од тебе брат. Бара знак дека не си како другите. Дека нема да и станеш само уште една лузна. Дека нема да и загорчиш. И она сака да сака. И да биде сакана. Да ти припаѓа… Да и припаѓаш. Да дише сака бе брат. Да дише повторно сака.
Автор: Драган Таневски
Колекционер 1-5
Било кој дел – 299 ден со достава