Бакнеж во чело. Секогаш најубав. Затоа што ниту еден бакнеж на овој свет не кажува повеќе од него. Најмногу почитува, најмногу љуби.
Затоа што кажува дека си тука и дека нема да си отидеш, и дека ќе ја чуваш под брадата, нејзината глава. Некаде под усните. Некаде каде што срцето чука. И дека ќе чуваш и дека ќе се грижиш и дека ќе љубиш…
И кога тоа исто чело ќе биде избраздено со грижи и кога ќе биде уморно од размачкани солзи. Ќе ја љубиш. Нечујно, а најгласно. Нежно, а најсилно.
Затоа што си нејзин.
И со сето тоа покажуваш, дека си нејзин повеќе од со било кој друг бакнеж.
Затоа погледни ја својата жена. Бакни ја. Биди тивок и не кажувај ништо, а ќе кажш се… Со бакнеж во чело. Верувај ми. Ќе ја направиш посебна. Во вашите четири ѕида, во пижами, разбушавена или расплакана… Во секунда ќе се претвори во принцеза во замок од 50 квадрати…
Скроз е не важно… Само бакни ја.
Автор: Дејан Велевски