Avon за 8 Март ги изненадува жените со маскарата Ultra Volume за раскошни трепки



Заводливиот женски поглед е неизбежно поврзан со раскошните трепки, а козметичката компанија AVON тргнувајќи од таа почетна точка ја креираше маскарата Ultra Volume која придонесува за згуснување и за поголем волумен на трепките. Иновативниот производ веќе е достапен во Македонија како изненадување за сите дами за Интернационалниот ден на жената, 8 Mарт.


Маскарата е дел од линијата Avon True и станува збор за револуционерен производ за чии предности зборува и фактот дека во истражување спроведено од компанијата дури 85 отсто од жените потврдиле дека им дава на трепките раскошен волумен.

Avon True Ultra Volume е водоотпорна, не се размачкува и не се рони. Од AVON велат дека е совршен избор за секој ден, за вечерно излегување, за лежерни активности, тренинг па дури и за пливање во базен.


Дополнително содржи Smartfibre комплекс со три придобивки. Првично, четкичката со посебни влакна придонесува за ултра волумен со тоа што поминува низ секоја трепка зголемувајќи го волуменот и должината.

Втората придобивка е мултипликацијата односно формулата што ги пополнува празнините и создава впечаток на повеќе трепки. Дополнително, четкичката во форма на бадем ги подигнува трепките од коренот зголемувајќи ја густината за 100 отсто.


За дополнителна промоција и можност да се проба овој фантастичен новитет, AVON во кампања 4 ја лансираше и специјалната пролетна програма наречена „На крилјата на убавината”, која нуди дополнителна вредност при шопингот и за крајните корисници, и за претставниците. Пеперутката е симболот на оваа програма, а собраните пеперутки при купувањето значи можност за нивно заменување за специјални производи по симболична цена од само 19 денари. Повеќе информации за механизмот на програмата е достапен на следниот линк avoncosmetics.com.mk/PRSuite/ButterflyLandingMK.page

Компанијата Avon е позната по своите исклучително квалитетни маскари меѓу кои и бестселерите SuperSHOCK и Wide Awake од линијата AVON True. Ultra Volume е последната иновација на козметичкиот гигант со која на жените им се нуди нов, усовршен и надграден производ кој ќе ги задоволи нивните потреби и желби.

Новата маскара Avon True Ultra Volume од AVON e достапна за продажба преку Претставниците на Avon. Повеќе информации за производот може да се добијат на avon4.me/2uFpDcF