Астрологија на кармата: Откријте што сте биле во минатиот живот



За време на толкувањето на кармичкиот хороскоп и освртот на минатите животи пред се треба да се земе во предвид позицијата и аспектите на Месечината, симболот на емоциите и душата, потоа Јужниот месечев чвор или Опашката на змејот и дванаесеттото астролошко поле и планетите во него, со посебен акцент на самиот врв (оската) на тоа поле. Затоа што тоа поле (симбол на потсвеста и интуицијата) ја крие тајната за тоа дали сме живееле некаде и каде во последниот живот, додека положбата на Сонцето може да ја наговести професијата со која нема да се занимаваме во овој живот.


Кога три или повеќе планети ќе се најдат во огнените знаци (Овен, Лав, Стрелец) во нечиј хороскоп тоа обично говори за тоа дека таа личност во минатите животи ги „гушела“ другите, а понекогаш укажуваат и на личност која треба малку повеќе да работи врз себе си. Повеќе планети во земјените знаци (Бик, Девица, Јарец) покажуваат дека личноста во минатото собирала пари и имот на сметка на духовниот живот или дека живеела премногу опуштено и безгрижно па затоа во текот на овој живот треба да стекне материјални добра. Голем број планети во воздушните знаци (Близнаци, Вага, Водолија) говори за површни личности кои ја избегнуваат одговорноста или не се доволно флексибилни па допрва треба да ја стекнат духовната еластичност. Голем број планети во водените знаци (Рак, Шкорпија, Риби) укажува на личност која во минатата инкарнација била склона на потиснување на емоциите заради што е оптеретена и во овој живот.

Страни: 1 2 3 4