Ако сакате да изгледате млади, престанете да ги правите овие 7 нештa



Популарниот дерматолог д-р Колбер е познат по грижата за некои од најубавите лица на Холивуд како Анџелина Џоли, Наоми Вотс и Рејчел Вајс. Сите се над 40 години и изгледаат неверојатно. Тој не користи инекции или други слични средства, а се фокусира на работите кои жените треба да престанат да ги прават за да ја зачуваат кожата млада.


Излегува дека има толку многу работи кои ги правиме секој ден, со кои кожата старее. Ако сепак промениме некои од навиките, можеме да го вратиме времето наназад.

1. Престанете да стоите на сонце, купете си чадор!


При секоја помината минута на сонце, без оглед дали ви се допаѓа, колагенот и еластиновите влакна полека се распаѓаат. Сеедно да го ставите вашиот омилен кашмирен џемпер во фен на висока температура. Кожата е деликатно ткиво од протеински нишки, кои многу личат на ткаенина. Овие брановидни влакна од колаген и еластин ја одржуваат кожата еластична, мазна и млада. Солариумот и прекумерното изложување на сонце ги претвораат овие молекули во рендана пченица. Сонцето штети на ДНК-ато на кожата, што подоцна може да доведе и до рак. Ако сакате да стоите на сонце, користете чадор. Вечерта намачкајте се со масло за лице против стареење, што го навлажнува вашето лице, додека спиете.

2. Престанете да јадете шеќер! Отстранете го тоа ѓубре од вашата исхрана


Има “итри” типови шеќер, кои ја зголемуваат тежината и се кријат во т.н.. диететска храна со “ниска содржина на масти”. Рафинираниот шеќер предизвикува гликација на човечките ткива или кажано со други зборови – ги прави молекулите повеќе кревки. Ако кожата и крвните садови се натопени со шеќер, стареат побрзо.

Некои од хранивата што е убаво да ги додадете во менито, се бела риба, маслиново масло, овошје, зелка, јогурт, бадеми. Тие поседуваат антиоксиданти и природни анти-воспалителни молекули.

3. Престанете со прекумерното чистење на кожата

Страни: 1 2