Во практиката многу од психоаналитичарите се обидуваат да ги решат безбројните проблеми на заедничкиот брачен живот. Подолу се наведени некои од најчестите грешки кои ги дозволуваат интимните партнери и како е можно да се исправат тие.
1. Грешно е се деградирате и да ги омаловажувате со партнерите, и да се избегнува нивната дискусија.
Малите недоразбирања, оставени неразјаснети, недостатокот на повратни информации, комуникација и споделување, предупредуваат психолозите, доведуваат до намалување и загубата на доверба. Со закопувањето на главата во песок, не дозволувате да се реши проблемот. Со текот на времето се добива квантитативна акумулација, која преминува во квалитетна измена на чувствата кон партнерот. А од таму и до целосен неуспех на врската.
За да не дозволите смешните ситуации да ги разнишаат најубавите односи и чувства во врска, најдобро е да ги коментирате заеднички и навреме. Како секој дом што има потреба од редовно чистење, така е важно и создадените проблеми да бидат разјаснети и решени.
2. Не се одржува огнот на врската. Односите помеѓу партнерите имаат потреба од постојано усовршување. Малите гестови на внимание – пријатно изненадување, букет цвеќе, билет за концерт или кино, вечера со свеќи, посветен стих, се сите нешта кои ја разубавуваат љубовта. Бидете забавни и различни. Покажувајте флексибилност и креативност.
3. Лоша и неправилна комуникација. Добрата комуникација е дијалогот, а не едностраните сугестии, критики и обвинувања. Но, да го перцепираме партнерот како соговорник, а не како противник, е важно правило, за да се сочува добриот тон и хармонија во односите. За да има рамнотежа во односите меѓу двајцата луѓе подобро е да сте самокритични и строги кон сопствените постапки повеќе отколку кон оние на партнерот. Постојаната желба да го промениме човекот до себе, без да се сообразуваме со сопствените недостатоци, може само да го изгубиме.
Страни: 1 2