Ако имате компулсивно чувство дека постојано сте опкружени со луѓе, попаметни од вас, шансата тоа всушност да е така е прилично голема, но не брзајте да очајувајте.
Добрата вест е дека според истражувањето спроведено во Велика Британија голем дел од луѓето имитираат интелигенција преку различни трикови.
За таа цел споделуваме како да изгледате поинтелигентно :
Носете очила – банално, но ефективно ! Истражувачите од Универзитетот во Мелбурн, откриле вистинска врска меѓу интелигенцијата и кратковидоста. Сепак ако немате потреба од очила, можете да си купите “лажни ” очила за специјални прилики. Резултатите од друго истражување спроведено во Велика Британија покажуваат дека на интервју за работа е многу – веројатно да бидете вработени, ако носите очила.
Исправете ги рамената – Според анкета спроведена во универзитет во Охајо, САД, вистинските рамена придаваат по – паметен изглед на луѓето.
Наспиваjте се целосно – Добриот сон е од исклучително значење за меморијата, брзата мисла, расположението, логичното размислување и дури умешноста.
Контролирајте го телото – За да не изгледате како бесен фудбалер, избегнувајте ги вишокот движења и енергија . Експертот за говорот на телото Ален Пијс тврди дека минималните движења на екстремитетите ќе ве натера да изгледате – самоуверено и интелигентно.
Не се разголувајте – Конзервативната и строго деловна облека ќе ви даде вид на професионалец. Нема потреба да се споменуваат кратките здолништа, нели?
Зборувајте брзо – Колку брзо зборувате , толку повеќе – умни ќе изгледате во очите на луѓето – тоа тврди психотерапевтот Том Барбер ( Tom Barber ). Сепак , бидете сигурни дека ќе изговорите јасни и остри зборови.
Носете потпетици – Според неодамна спроведена студија излегува дека луѓето со висина над 180 см заработуваат повеќе.