Ооо Боже…те налутивме, те навредивме…сите заборавивме на твоите заповеди напишани во Библијата и Куранот…



Ооо Боже…те налутивме, те навредивме…
Зарем не “маваш” у ТИКВИТЕ наши празни за да не освестиш… да не оладиш од омразата која не заслепи.. заменувајќи ја со тага, жал и плач..
Денеска сите плачеме и жалиме на ист “јазик”…


Сите ја заборавивме твојата големина, сите заборавивме на твоите заповеди напишани во Библијата и Куранот…
Ја заборавивме добрината…заборавивме да бидеме “човек”…

Станавме празни “возила” без шофер… тело без душа… текст без музика… љубење без љубов….
Вака не ” тресна у то Глаите неписмени” со поплавата Стајковци и околината…но не ни беше доволно да не сплоти…
Еве пак и вчера…


Сега… сите мајки,татковци, сопрузи, сопруги, ќерки, синови.. плачат и жалат на еден јазик… повеќе никој не гледа разлики… засега… никој не помислува на разликите.. никој не прашува за партија, припадност, убедување… Совршенство но за жал во трагедија….

Боже дај ни сила и не дозволувај никогаш повеќе да не бидеме сведоци на вакво нешто… сплоти не.. и вразуми не..
а починатите …прими ги душите нивни во “твоите закрила” и прости им за се…


А ние.. поубаво да зборуваме различно, отколку да плачеме исто…

Сочуство до семејствата…