6те најдобри професии за жените



Не постои ништо дискриминирачко или сексистичко во изборот на работа која би ви одговарала само затоа што сте жена. Точно е дека секој може да направи било што без разлика на полот. Меѓутоа, животот може да ви биде полесен ако го правите она што најмногу ви одговара, дури и ако е тоа некоја од работите за која мислите дека се родово пристрасни.


Без оглед дали се уште студирате или сакате да си ја промените работата, изберете професија која најмногу ќе ви одговара.

Дигитален стратег


Можеби звучи здодевно, но тоа е многу забавна професија која ви овозможува многу време да поминувате на твитер, фејсбук и други социјални мрежи. За оваа работа не ви треба специјална диплома, туку големо знаење за тоа како да направите добра онлајн реклама за својата фирма.

Архитект на пејзажи


Доколку имате око за убавина, естетика и детали,. ва е идеална работа за вас.
Ништо друго нема да ви пружи поголемо задоволство од создавање убавина која сите ќе ја гледаат, а притоа не сте голем уметник.

Медицинска сестра

За ова работа потребна ви е диплома од средно школо, а тоа е подобро отколку да поминете шест години на факултет. Не сте лекар и не може да оперирате, но задоволството го добивате од грижата за пациентите, и советите што може да им ги дадете.

Личен тренер

Секогаш сте во добра форма, ве плаќаат да вежбате и да носите спортска опрема. Ова е забавно и имате флексибилно работно време, а во зависност од тоа колку сте познати, можете и добро да заработите.

ПР менаџер

Во оваа професија преовладуваат жените способни за организација, одржување добри односи со јавноста и подигање на имиџот на компанијата.

Дизајнер на ентериери

Една од ретките професии за која не ви е потребна диплома. Мора да бидете добри во својата работа. Тука не постојат фиксни програми, можете да бидете свој газда и да одредувате колку ќе заработувате и кога ќе работите.