4 работи кои жените не треба да им кажуваат на своите пријатели за личниот живот



Кога сте млади, сакате да кажете во детали сè од личниот живот, но во зрелата возраст не е толку препорачливо.


Не споделувајте лични работи од неговиот живот. Ова може да ја поткопа неговата доверба во вас. Имајте на ум дека по природа мажите се доста затворени суштества и споделувањето на работи од личниот живот за нив значи многу.

Немојте да споделувате за секој ваш спор, бидејќи така пријателите ќе почнат да се мешаат во вашиот живот. Ако се карате често или барем така ги претставувате работите на вашите пријатели, тие ќе помислат дека овој човек не е за вас. Најдобро е проблемот да го решите сами.


Интимните детали се исто така табу тема. Убаво е да ги споделите, ако сте задоволна и среќна со партнерот или да кажете за пријатното изненадување од минатиот викенд. Но, не навлегувајте подлабоко во интимните искуства.

Не летајте премногу високо, дури ни меѓу најблиските. Така можете несвесно да ја разбудите туѓата љубомора, ако се фалите постојано.