Еве какво време не oчекува од утре



Во петок ќе биде претежно облачно со кратки сончеви периоди и ветровито. Ќе дува умерен јужен и југоисточен ветер, а во западните предели ќе дува засилен југозападен ветер кој ќе достигне брзина и до 40 км/ч. Утринските температури од 9°C до 16°C, а максималните дневни температури ќе достигнат до 16°C односно до 23°C.


Во сабота ќе биде претежно сончево со локална облачност и ветровито. Ќе дува засилен северен и северозападен ветер кој понекаде ќе достигне брзина и до 40 км/ч, а во западните предели ќе дува умерен северен и североисточен ветер. Минималните температури ќе се движат од 9°C до 16°C, а максималните дневни температури од 18°C до 25°C.

Неделата ни носи претежно сончево и ветровито време со пад на утринските температури. Ќе дува умерен северен и северозападен ветер, а во западните предели ќе дува умерен североисточен ветер. Ветерот понекаде ќе достигне брзина и до 25 км/ч. Утринските температури од 5°C до 12°C, а дневните температури ќе се движат во интервал од 16°C до 23°C.