Зошто секој Велигден плачам ?



Пред десетина години, подготовките за велигденските празници ми почнуваа месец дена пред самиот празник. Засадував пченица, разнобојно цвеќе во саксии, секоја година купував нов чаршав за трпезариската маса, месев козињак, се консултирав со пријателките која торта да ја направам. Плачев од среќа кога гледав колку мојот сакан и мојот син се среќни за сите тие моменти кога прославуваме.


Но, едно зимско утро го промени мојот живот засекогаш! Маж ми замина на работа и веќе не се врати. Го изгуби животот во сообраќајна несреќа. Никогаш повеќе во мојот дом немаше празнична атмосфера. Неколку години по немилиот настан, во борбата за егзистенција и долгите размислувања како да се помине месецот, син ми посака да ја побара среќата надвор од нашата земја. Најпрвин, тоа ми личеше како луда идеја. Но, тој остана на своето и замина. Полека се навикнував на фактот дека тој е преку океанот, дека ретко ќе си доаѓа од дома, но, од друга страна потполно го разбирав бидејќи тој период овде имавме само за леб и маргарин со оглед на мојата мизерна плата и фактот што тој не успеваше да најде работа.

Продолжува на следната страна


Страни: 1 2