Исто така важно е влакната на дојките да не се отстрануваат додека жените дојат, бидејќи така ќе спречат појава на инфекција, – пишува во соопштението на британските научници.
Зошто овде растат влакна?
Ако имате само неколку влакна, веројатно се појавиле поради некои хормонални промени, а причината може да биде и бременост или менопауза.
Некои лекови исто така можат да предизвикаат прекумерен раст на влакната, како што се тестостерон, даназол, анаболни стероиди, глукокортикоиди, циклоспорин, миноксидил и фенитоин.
Ако имате многу влакна, можеби имате хирзутизам, клиничка сотојба која предизвикува прекумерно растење на влакна кај жените.
Хирзутизмот може да се пренесе генетски, или може да биде знак за посериозна болест, како синдром на полицистични јајници.
Сепак, синдромот на полицистични јајници е редок, и зафаќа само 5 до 10 % од жените во светот.
Како да се отстранат влакненцата од брадавиците?
Овој „проблем“ за некои жени е навистина кошмар. Бидејќи станува за многу чувствителен дел од телото, доколку се одлучите да ги отстраните влакненцата од него, мора да бидете многу внимателни.
Постојат неколку методи кои можете да ги користите:
Продолжува на следната страна

Категорија: