UNDERFEST 2019 ги потврди танчерите од Eat The Beat на фестивалот



ИТ ДА БИТ (Eat The Beat) e Здружение за модерни танци во Скопје кое датира од јули 2016 година, а веќе во 2017-та година стануваат Светски Шампиони во Латино Шоу. Имаат 180 активни натпреварувачи и 20 рекреативци. Танчерите се од сите возрасти, од 4 до 35 години. Тие беа организатори на најголемиот танц натпревар во Македонија, “Dance Masters”


 Во 2016-та имаат освоено 1во Место во Латино Шоу на Меѓународен Натпревар “Balkan Dance Unity” во Ниш, Србија, во 2017 – 1во Место во Хип Хоп на Меѓународен Натпревар “Macedonia Open” во Скопје,, и 16то место од 120 учесници во конкуренција на Светско Првенство во Хип Хоп, Данска. Во категоријата деца во 2017 тие се светски Шампиони на Светско Првенство во Латино Шоу, Грција, 3то Место во категорија јуниори, Светско Првенство во Латино шоу, Грција, како и 3то Место во категорија Латино Шоу Јуниори, Светско Првенство во Џенова, Италија, и многу други.

Членовите на Eat the Beat ќе се претстават на UNDERFEST 2019 во недела на 07 април, 2019 година. Влезот за сите посетители е бесплатен.


ЛИНК од НАСТАНОТ – https://www.facebook.com/events/293336504797381/