Текст за сите мајки кои се подготвени да направат се за своите деца



Мајката те носеше цели девет месеци во својата утроба, имаше мачнини неколку месеци, потоа гледаше како и отекуваат нозете и како кожата и се шири и пука. Таа се бореше да се искачи по скалите, се задишуваше и при наједноставната задача – ставање на чевли.

Преживеа многу неспани ноќи додека ти клоцаше и се превртуваше во неа, помина низ ужасна болка која почна во три часот ноќта, за да те донесе на овој свет. Стана твоја медицинска сестра, твој готвач, твоја слугинка, твој возач, твој најголем обожавател, твој учител, твоја најдобра пријателка. Таа се бореше за тебе, плачеше над тебе, се ставаше на второ место за тебе, се надеваше на најдоброто за тебе, полудуваше од грижи, но никогаш не побара ништо за возврат затоа што те сака бескрајно! Повеќето од нас живеат покрај своите мајки, но постојат луѓе кои ги изгубиле или никогаш не ги виделе своите мајки. Ако имате мајка која го направила сето ова за вас, вие сте многу среќни! Никогаш не ја девалвирајте нејзината вредност бидејќи еден ден ќе Ви биде жал! Ако сте мајка која го прави сето ова за своето дете… СПОДЕЛЕТЕ!

Извор: Среќа.мк