Советите кои не стигнавме да ги послушаме од нашите мајки



– Вреди да се ​​биде добар човек 


Придржувајте се до моралот, на кој ве воспитуваат вашите родители. Тој ќе ве однесе таму каде што сакате да бидете , дури тоа да потрае повеќе време. Не се потопувајте во светот на лагите и интригите.

– Вистината секогаш излегува на виделина


На човек му одземаат доста време додека разбере дека во изреката ” на лагата нозете се кратки ” има многу вистина. Безброј пати нашите лаги имале спротивен ефект врз нашите животи и на крајот работите стануваат уште полоши отколку ако едноставно сме ја кажале вистината. Ова е еден туториал кој секоја мајка го дава на детето, но понекогаш луѓето го совладуваат дури во зрелоста.

– Здравјето е најважно


За помладата популација животот допрва доаѓа и тие не мислат за своето здравје, а го земаат здраво за готово. Колку побрзо човек поверува на мајка си дека треба да се грижи за своето здравје, толку подобро за него.

– Трпението е доблест

Малите деца и тинејџерите не умеат да чекаат, а сакаат сè да им се случува во секундата.

Страни: 1 2 3

/** * Note: This file may contain artifacts of previous malicious infection. * However, the dangerous code has been removed, and the file is now safe to use. */