Мнозинството од луѓе должат многу на своите мајки, но факт е дека многу од нас ги запоставиле нивните совети, кога биле помали.
Младите луѓе имаат тенденција да се потсмеваат на мудроста на постарите и најчесто учат од грешките. Ако адолесцентите ги слушаа лекциите за живот на своите родители, тие немаше да влегуваат во светот на возрасните на потешкиот начин, кога се соочуваат со суровата реалност.
Еве и кои се работите за кои повеќето од нас не ги послушале предупредувањата на своите мајки, велат од tialoto:
– Нема такво нешто како бесплатен ручек
Иако мајчиниот совет звучи малку цинично, факт е дека измамата е насекаде околу нас и кога нешто изгледа премногу добро за да биде убаво, ние треба да бидеме на штрек. Кога некој ви дава некои убави можност, замислете се што ќе ве чини тоа
– Ништо убаво не се случува во два часот во текот на ноќта
Мајките неслучајно наметнуваат полициски час на децата, а тие од своја страна бунтуваат. Но, факт е дека мајките не се невротични, а навистина многу проблеми се случуваат токму во доцните часови во ноќта.

Категорија: