Што сакаат мажите на 20, 30 или 40 годишна возраст



Еве што мислат немажените мажи на прашањето ” Со што ве привлекуваат жените?”


20 годишните – секс и надворешност

Главното за мажите на 20 години е да започнат успешна кариера. Што се однесува до жените, тогаш колку повеќе тие се во „колекцијата “, толку подобро . И се разбира, тие треба да се убави, за да ги покажат на пријателите, односно да ја зголемат машката самодоверба.


Кога се запознаваат со жена, првата мисла на 20 – годишните е „сакам ли да имам секс со неа ?“. Од одговорот зависи и развојот на односите, но овие мажи по правило не се стремат кон долгите врски – тие сметаат дека им е рано да основаат семејство.

На 30-годишна возраст настапува промена, така што мажите почнуваат да разбираат дека надворешноста не е најважната работа за една врска. Сега тие се постабилни, размислуваат за семејство и ја сфаќаат потребата од дом, и знаат дека е време да се создаде и дете. Тие ги доживуваат жените веќе на друг начин. По периодот на сексуалните експерименти тие бараат жена, погодна за сопруга и мајка.


Страни: 1 2